-1.9 C
Pehčevo

    Пехчево очекува илјадници гости. Започнува одбројувањето до стартот на најголемата забава во Малешевијата-Фестивалот на трубите

    Датум:

    Билборд 2017

    Пехчево подготвено за 7-мото издание на Фестивалот на трубите, кој прерасна во бренд на Малешевијата и на Македонија. Од четврток 13 јули па се до 15 јули сабота, ќе се одржи најголемиот и најатрактивен фестивал на овие простори Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2017. Во Пехчево ќе ечи од трубите до доцна во ноќта, а ќе има богата музичка програма која ќе ги задоволи вкусовите на сите генерации.

    Организаторот и годинава се потруди да обезбеди богата музичка програма иако имаше доста кратко време за организација истакна Живко Каликов соработник за односи со јавноста во општината.

    -Имавме малку време да се подготвиме за 7-мото издание на Фестивалот на трубите. Оваа година ќе има безброј изненадувања, новитети, прекрасна музичка програма и одлична незаборавна забава, со еден збор нема од ништо да изостанеме и покрај краткото време на организација. Ќе има музика за сите генерации од најмалите до највозрасните за да може секој да се пронајде во репертоарот.

    Работното време на сите угостителски објекти ќе биде продолжено до 3 часот наутро, а во тек е и повикот за прераспределбата на просторот за штандовите за скара, вкусна пехчевска храна, пиво итн. каде општината нуди 19 парцели со различна квадратура, истакна Каликов.

    Директорката на Фестивалот Елица Јовевска итакнува дека фестивалот ќе има беспрекорна организација и дека се решава и проблемот со паркинг-просторот, а во функција на фестивалот се ставени и сите сместувачки капацитети во Пехчево.

    -Што се однесува до паркинзите и режимот на сообраќај ќе бидат максимално регулирани, нема да има никаков проблем во однос на паркирање на возилата и проодот за гостите до плоштадот Св.Петар и Павле каде ќе биде поставена прекрасната бина.

    Сакаме и да ги известиме посетителите дека во Пехчево сите сместувачки капацитети, како хотелско и приватното сместување се скоро резервирани. Организаторите на фестивалот ги покануваат сите оние кои сакаат да присуствуваат тука за овие фестивалски денови да си резервираат сместување во најбрз можен рок. Пред се би сакале да ги поздравиме генералните спонзори на Фестивалот Хотел „Гогов“ и „Кит-Го“ маркети и другите спонзори кои и оваа година допринесоа да ја збогатиме програмата, истакна Јовевска.

    Фестивалот започнува на 13 јули со традиционалниот Етно-саем Пехчевски Павловден, додека на сцената ќе настапат Љубојна, Наум Петрески и Зуица Лазова, како и балканската група Црвена јабука која ќе го затвори фестивалот. Исто така, се најавуваат и ревијални концерти на дувачки оркестри од Македонија, Србија и Бугарија, меѓу нив Џамбо Агушеви, Уска-кан, Џелал-Млади Агушеви, Бојан Ристич од Србија и др.-додава Јовевска.

    Овој фестивал за многу оркестри претставуваше своевиден  катапулт за да излезат од анонимноста , но и промоција на квалитетот на оркестрите. Фестивалот по квалитетот се издигна и во меѓународни рамки, па има огромен интерес на летната сцена на пехчевскиот плоштад и од оркестри од други држави.

    Традицијата на дувачките оркестри во Малешевијата,  општина Пехчево успеа успешно да ја спакува како едиствен фестивал во земјава и туристичка понуда во летниот период во Пехчево.

    Пехчево, подготвено ги очекува сите добронамерници и љубители на трубата.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...