-1.9 C
Pehčevo

    Одржана првата работилница за креирање на локалната стратегија за социјална инклузија на млади и жени

    Датум:

    Организацијата на жените на Пехчево, вчера  ја одржа Првата работилница за изработка на стратегија за социјална инклузија на млади и жени од општина Пехчево, во рамки на проектот Македонска активна платформа за социјална инклузија – МАПСИ кој е подржан од ЕУ со средства од ИПА компонентата за развој на човечки ресурси.

    млади и жени.

    Целта на проектот е да се создаде долгорочна платформа МАПСИ–Македонска активна платформа за социјална инклузија преку чија работа ќе се подобри статусот на ранливите групи поконкретно на жените и младите на локално ниво во 18 општини во Р.Македонија

    Организацијата на жените на Пехчево е локален партнер, координатор на оваа активност која е дел од проектот МАПСИ кој го имплементира Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и партнерската организација Македонско женско лоби од Скопје.

    На првата работилница се детектираа проблемите и потребите кои ги засегаат истите, а учествуваа локалните чинители кои учествуваат во градење на Локалната активна платформа за социјална инклузија на млади и жени на општина Пехчево.

    млади и жени

    По воведното излагање од страна на проектниот тим, кој го сочинуваат Др.Нада Симовска-локален координатор и Грозданка Миловска-асистент,учесниците беа запознаени со поимите: социјална исклученост,социјална вклученост,со чекорите и алатките за изработка на стратегија,анализа на состојба,мапирање на потреби и проблеми,визија, мисија  и СВОТ анализа.

    млади и жени...

    Со работа во групи,беа лоцирани потребите и проблемите во општината,беа дадени идеи за визија,мисија, јаките и слабите страни, можностите и пречките за постигнување на приоритетните област и кои ќе бидат опфатени со локалната стратегија за социјална инклузија на млади и жени на општина Пехчево.

    На втората работилница, која ке се одржи на 24 март, ќе бидат поставени рамките на стратегијата,со приоритети и стратешки цели.

    Во воведното обраќање, Др Нада Симовска ја поздрави симболиката на 21 март како Ден на пролетта, Ден на поезијата, Ден на екологијата, Ден на шумите, Ден на лицата со Даунов синдром и Ден за почеток на изработка на стратегијата за социјално инклузија на младите и жените од општина Пехчево.

    Настанот беше разубавен со поезија, лични творби за Пехчево и Пролетта, а читаа ученичките Елена Тодоровска и Марија Богдановска.

    млади и жени.. млади и жени,

    Оваа работилница ја следеше Г-ѓа Билјана Танеска, Проектен асистент – ИПА проект: “Македонска активна платформа за социјална инклузија” – МАПСИ преставник од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи-Охрид.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...