-1.9 C
Pehčevo

    Во Пехчево ќе се изработува стратегија за млади и жени

    Датум:

    Општина Пехчево изработува стратегија за млади и жени во рамките на проектот Македонска активна платформа за социјална инклузија - МАПСИ кој е подржан од ЕУ со средства на ИПА компонентата за развој на човечки ресурси.Општина Пехчево изработува стратегија за млади и жени во рамките на проектот Македонска активна платформа за социјална инклузија – МАПСИ кој е подржан од ЕУ со средства на ИПА компонентата за развој на човечки ресурси. Организацијата на жени на општина Пехчево е локален партнер во проектот, а е имплементиран од  Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и партнерската организација Македонско женско лоби од Скопје.

    На првата локална конференција присуствуваа претставници од локалната самоуправа, образованието, полицијата, социјални работници и невладини организации кои преку процес на дискусии и работилници ќе ги утврдуваат приоритетите за жените и младите во Пехечво. Нада Симовска, претседател на Организацијата на жените истакна дека овој документ треба да придонесе овие категории граѓани да станат видливи во локалната заедница и рамноправно да ги остваруваат своите права.

    -Зошто е потребна стратегија е многу добро прашање, бидејќи и покрај стратегиите и законите кои беа донесени изминатиов период на државно ниво, ако на локално не се спуштат овие документи,тогаш тие тешко допираат до нас и тешко си ги остваруваме своите права и воопшти не си ги знаеме нашите права. Преку овој процес ќе се направат акциски планови по приоритети кои ќе произлезат од работилниците. На овие работилници ќе присуствуваат чинители од локалната заедница, од здравство, од полиција, од образование, од невладин сектор и ќе придонесеме  да се подигне цената на улогата на жените и на младите на едно повисоко ниво, рече Симовска.

    Општина Пехчево изработува стратегија за млади и жени во рамките на проектот Македонска активна платформа за социјална инклузија - МАПСИ кој е подржан од ЕУ со средства на ИПА компонентата за развој на човечки ресурси.Во изработката на стратешкиот документ се вклучени сите активни чинители кои ќе ја изработат Локалната активна платформа за социјална инклузија на млади и жени на општина Пехчево која ќе претставува почетна точка за континуирана работа, креирање  база за понатамошна соработка и развој на дијалог.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...