По повод месецот на книгата дечињата од детската градинка „7 Септември денеска беа во посета на библиотеката „Кочо Рацин“. Бидејќи во нивната програма стои активност запознавање на една институција од областа на културата средната група дечиња со учителката Розмарина Мицевска ја избраа градската библиотека.
Библиотекарката Габриела Костадинова ги поздрави дечињата и се обиде на нивно ниво да им објасни што значи библиотека и која е улогата на библиотекарот. Сите дечиња беа бесплатно зачленети со членска карта и број за идентификација, а директорката Јасмина Цековска им подари сликовници и чоколади.
На крајот дечињата од детската градинка на вработените од библиотеката им подарија сликовница „Трите мечиња“ чиј автор се самите тие.