6.7 C
Pehčevo

    Пехчево ќе го изготвува буџетот за 2017 година заедно со граѓаните

    Датум:

    Буџетски форум - ПлакатОпштина Пехчево започнува со спроведување на буџетски форум во рамките на програмата „Форуми во заедницата“, која овозможува директно учество на граѓаните во процесот на донесување  одлуки на локално ниво, транспарентно и отчетно работење на општинската администрација и зголемување на довербата во локалната самуправа.

    Целта на буџескиот форум е граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите  на општината и со свои предлози да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2017 година, во рамките на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за наредната година. Имено, на граѓаните им се нуди можност да учествуваат во предлањето на нови извори на приходи и да даваат насоки за приоритетните програми и проекти во согласност со нивните потреби и од значење за целата локална заедница, а кои локалната самоуправа треба да ги има в предвид при изработката на буџетските трошоци за идната година.Во рамките на програмата „Форуми во заедницата“, демократскиот капацитет на општината најмногу се гледа од нејзината волја за спроведување на буџетски форум, затоа што партиципативното буџетирање ја прави општината транспарентна и отчетна пред своите граѓани. Во исто време, на граѓаните им се дава слика како е да се управува со општината, но и дека не е можно да се задоволат сите потреби и желби во услови на ограничени средства.

    Општина Пехчево со одлуката за спроведување на буџетски форум покажува високо ниво на транспарентност и отчетност пред своите граѓани , сметајќи дека ова е одлична можност да се изготви буџет во согласност со потребите и приоритетите на граѓаните.

    Буџетскиот форум содржи 5 форумски сесии почнувајќи од 10-ти Октомври заклучно со Декември на кои Градоначалникот и општинската администрација, заедно со заинтересираните граѓани, ќе презентираат, дискутираат и ќе одлучуваат за распределбата на средствата од општинскиот буџет. На шестата (последователна) сесија ,пак, општината ќе поднесе отчет за реализраните програми и проекти, односно за извршувањето на буџетот, во согласност со донесените форумски одлуки.

    Првата форумска сесија од буџетскиот форум ќе се одржи на 10 октомври (понеделник) 2016 година, во кафе бар „Ким“ со почеток во 12 часот.

    Ве покануваме да земете масовно учество во форумскиот процес и со Вашите дискусии и потреби да придонесете за изготвување на општински буџет, кој ќе биде во согласност со приоритетните потреби на граѓаните.

    Дневен ред

    12:00 – 12:15
    • Добредојде на присутните и вовед во програмата

     

    12:15 – 12:25
    • Воведно обраќање на Градоначалникот на
    • Општина Пехчево Г-дин Игор Поповски

     

    12:25-12:40
    • Презентација на буџетски форумски процес

     

    12:40-13:00 Презентација на :

    •   Процес на буџетирање
    •   Структура на буџетот на Општина Пехчево

     

    13:00-13:30
    •   Утврдување на правила за работа ,
    •   Утврдување на структура на форумот ,
    •   Распределување на граѓаните по работни маси

     

    13:30-14:00
    • Пауза

     

    14:00-14:20
    • Преглед на реализацијата на стратешки развоен план и приоритетите за развој на Општина Пехчево за 2016 година

     

    14:20-14:40
    • Приоритети за развој на Општина Пехчево во 2017 година

    –         Дискусија ( предлози на граѓаните )

     

    14:40-15:00

     

     

    15:00-

    • Следни чекори (договор за термин за следна сесија)
    • Оценка на форумската сесија

     

    • Коктел

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...