-1.9 C
Pehčevo

    Златен медал за КУД „Јане Сандански“ од Пехчево на фестивалот во бугарско Неделино

    Датум:

    Со златен медал за играорната група и специјални плакети за соло пејачите и дуетите се вратија денеска членовите на Културно уметничкото друштво „Јане Сандански“ од Пехчево од нивниот настап на четиридневниот фестивал во градот Неделино,  Р.Бугарија.
    КУД,,Јане Сандански“
    Директорот на Центарот за култура Пехчево, Страшо Андоновски, информира дека меѓународниот фестивал во градот Неделино, кој се наоѓа во подножјето на Родопите, а се одржувал по 15 пат, имало 50-ина учесници, а го негува двогласовното и соло пеење, како и традиционалните ора.
     – Нашите играорци во Неделино се претставија  со традиционални песни од сите делови на Македонија, како и традиционални ора од Малешевијата. Фестивалот е за пејачки групи кои пеат национални песни,  двогласово пеење и народни песни, но и ора. Нашата играорна група настапи со сплет на малешевски ора и освои златен медал, додека специјална плакета добија пејачките групи за соло пеење и за дует, рече Андоновски.
     Тој додаде дека пехчевското КУД втор пат и по 8 години се враќа на сцената на овој фестивал со поддршка и организација на Општина Пехчево.
     – Поради атрактивноста на игрите, сложеноста на ритмовите, како и богатиот колорит на носиите што го прават македонскиот фолкор особено интересен за публиката, настапите на КУД „Јане Сандански“ оставија силен впечаток. Ова е уште еден бисер во историјата на нашето друштво. Сметаме дека ова е еден од позначајните претставувања, не само на нашето играорно друштво туку и на градот Пехчево и на Македонија, поради големината на фестивалот и регионот каде се одржува, а каде нашиот град немал многу можности за културна презентација, велат од КУД. „Јане Сандански“-Пехчево.
    Најстарото културно уметничко друштво во Пехчево, „Јане Сандански“, во своето опстојување има настапувано на повеќе фолклорни фестивали во Европа, успешно презентирајќи ја македонската песна и игра.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...