11.9 C
Pehčevo

    Ќе се подобрува квалитетот на водата за пиење со изградба на таложник пред филтер станицата во Пехчево

    Датум:

    Таложник

    Во Пехчево денеска започнаа градежните работи за изградба на таложник за вода за пиење пред филтер станицата која треба да го подобри квалитетот на водата за пиење во градот Пехчево и околните населби Негрево, Чифлик, Умлена и Робово.

    Градоначалникот Игор Поповски информира дека оваа интервенција била неопходна, бидејќи по секои врнежи од дожд, водата во градскиот водовод била заматена.

    Таложник

    – Бидејќи технолошкиот процес на изградената филтер-станица не може да ги задоволи стандардните услови за филтрирање на водата за време на дожд, затоа потребно е да се изгради таложник за доведената вода од двата цевководи, со што ќе се зголеми времето за технолошки третман на водата и ќе се избегнат трошоците за потрошувачката на електрична енергија која ја користат пумпите за проток на водата преку постоечките филтери, рече Поповски.

    Проектот е во вредност од 1.862.383,00 денари, од кои 1.000.000,00 денари се од Министерството за животна средина, а 862.383,00 се обезбедени од буџетот на општина Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода 2026

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната...

    Дневен ред за 7-ма – вонредна седница

    Врз основа на член 40 и член 48 точка...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...