-1.3 C
Pehčevo

    Пехчевското село Умлена ќе добие плоштад

    Датум:

    Со средства од Бирото за регионален развој во пехчевското село Умлена ќе се уредува плоштадот во селото со цел да се осовремени инфраструктурата што ќе придонесе и за збогатување на социјалниот живот во центарот на селото.
    Со средства од Бирото за регионален развој во пехчевското село Умлена ќе се уредува плоштадот во селото со цел да се осовремени инфраструктурата што ќе придонесе и за збогатување на социјалниот живот во центарот на селото.
    Како што истакна градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, во тек е тендерската постапка за избор на на изведувач на градежните работи кои треба да завршат најдоцна до ноември месец 2016 година.
    Општина Пехчево за да ја подобри состојбата на централниот дел во селото аплицираше и доби финансиски средства од Бирото за регионален развој на Република Македонија преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2016 година, за финансирање проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби. Средствата се во вредност од 1.165.666,00 денари, а финансиското учество на општината  е од 269.686,6 денари.  Со овие финансиски средства комплетно ќе се уреди плоштадот во селото Умлена, рече Поповски.
     Селото Умлена има 390 жители и е село во кое жителите претежно се занимаваат со земјоделска дејност, а  мал дел патуваат во градот Пехчево за работа во разни компании од приватниот сектор.
    -Ние сакаме да придонесеме во подобрување на квалитетот на животот во селото и со вакви и слични проекти ќе дадеме придонес за намалување на иселувањето и останување на младите во него, рече Поповски.
    Инаку, Пехчево во моментов работи на 12 проекти во вредност од 50 милиони денари. Дел од овие проекти се во завршна фаза, а наскоро се очекува свечено пуштање на туристичкиот локалитет Езерце во Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...