Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски донесе решение за свикување на дваесет и петтата седница на советот.
25-тата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за вторник 21.06.2016 година, со почеток во 09 часот.
Седницата ќе се одржи во салата за состаноци на општина Пехчево, со предлог на следниот:
ДНЕВЕН РЕД
за 25-та седница на советот на Општина Пехчево
- Предлог Одлука за усвојување на Годишниот план за вработување во општина Пехчево за 2017 година;
- Предлог Одлука за усвојување на Годишниот план за вработување во ООУ ,,Ванчо Китанов”, Пехчево за 2017 година;
- Предлог Одлука за усвојување на Годишниот план за вработување во ДK ,,Јане Сандански”, Пехчево за 2017 година;
- Предлог Одлука за усвојување на иницијатива од Кит – Го, Штип;
- Предлог Одлука за отпочнување на постапка за измена и дополнување на ГУП за ул. ,,8 Март” Пехчево;
- Предлог Одлука за усвојување на иницијатива од Кит – Го, Штип;
- Предлог Одлука за отпочнување на постапка за измена и дополнување на ДУП за ул. ,,8 Март” Пехчево;
- Предлог Одлука за усвојување на одлуката на Управниот одбор на ЈКП ,,Комуналец” бр.02-320/1 од 12.05.2016 год. за изменување и дополнување на Статутот на ЈКП ,,Комуналец” – Пехчево;
- Предлог Одлука за усвојување на дополнувањето на Годишниот план за јавни набавки за 2016 година на ЈКП ,,Комуналец” Пехчево;
- Одлука за определување на цената за користење на просторот на плоштадот, за вршење на дејности по м2, за време на Фестивалот на дувачки оркестри ,,Пехчевски Павловден”, 2016” од 13-16 јули;
- Предлог Одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор на ОУМБ ,, Кочо Рацин” , Пехчево;nm
- Барања од граѓани;
- Советнички прашања;
- Тековни активности.
Совет на Општина Пехчево
Претседател
Стојче Стефановски с.р