8.1 C
Pehčevo

    Дваесет и втора Седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски донесе решение за свикување на дваесет и втората седница на советот.

    22-та седница на Советот на општина Пехчево е закажана за петок 29.01.2016 година, со почеток во 09 часот.

    Седницата ќе се одржи во салата за состаноци на општина Пехчево, со предлог на следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД
    за 22-та седница на советот на Општина Пехчево

    1. Предлог Одлука за назначување на членови на Управен одбор при ОУМБ “Кочо Рацин” – Пехчево
    2. Предлог Одлука за назначување на членови на Училишниот одбор при ООУ “Ванчо Китанов” – Пехчево;
    3. Предлог Одлука за давање на согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈКП “Комуналец” за дополнување на одлуката бр.07-150/1 од 20.02.2014 година, со други субјекти,корисници на вода за пиење;
    4. Предлог Одлука за давање на согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈКП “Комуналец” за висината на цени за нов приклучок за вода за пиење од водоводната мрежа;
    5. Предлог Одлука за давање на согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈКП “Комуналец” за покачување на цена на услуга, ископ на гроб и погребување на умрено лице во општина Пехчево;
    6. Предлог Одлука за давање на согласност на дополнувањето на годишниот план за јавни набавки на ЈКП “Комуналец”, Пехчево за 2015 година;
    7. Предлог Одлука за именување на член на Управен одбор на ЈКП “Комуналец”, Пехчево;
    8. Предлог Одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈКП “Комуналец” за 2016 година
    9. Предлог Одлука за усвојување на Годишниот план за јавни набавки на ЈКП “Комуналец” за 2016 година;
    10. Предлог Одлука за усвојување на Финансискиот план на ЈКП “Комуналец” за 2016 година;
    11. Предлог Одлука за давање на согласност на изменувањето и дополнувањето на Статутот на ЈКП “Комуналец” – Пехчево;
    12. Предлог Одлука за давање на согласност на изменувањето и дополнувањето на финансискиот план на ЈКП “Комуналец” за 2016 година;
    13. Предлог Одлука за усвојување на Изменувањето и дополнувањето на Урбанистичкиот план вон населено место за туристички локалитет “Равна Река”- општина Пехчево;
    14. Предлог Одлука за утврдување на исполнети услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши промена на сообраќајната инфраструктура, предвидена согласно ДУП за објект бр.1, на КП бр.908-КО Пехчево, по барање од Илија Галазовски;
    15. Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај за eнергетска ефикасност за 2015 година;
    16. Предлог Одлука за усвојување на Програмта за енергетска ефикасност за 2016 година;
    17. Барања од граѓани;
    18. Советнички прашања;
    19. Тековни активности.

     

    Совет на Општина Пехчево
    Претседател
    Стојче Стефановски с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...