На ден 27 ноември 2015, со почеток во 12:00 часот во просториите на Општинска јавна установа – Детска градинка „7 Септември“ – Пехчево ќе се одржи завршен настан за промовирање на резултатите од проектот „Намалување на СО2 и заштеда на финансии преку замена на фосилно гориво со обновлив извор на енергија во претшколската установа во Пехчево“. Станува збор за проект финансиран од Глобален еколошки фонд – Програма за мали грантови Македонија кој во Пехчево го имплементира Здружението – Центар за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“ во партнерство со општина Пехчево и Детската градинка „7 Септември“ – Пехчево.
Проектот се имплементира во периодот ноември 2014 – ноември 2015 година, а истиот произлезе како резултат на потпишан Меморандум за соработка помеѓу Глобален еколошки фонд – Програма за мали грантови Македонија и Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија, преку кое во последните години во опшина Пехчево се имплементирани низа на успешни проекти.
Генерална цел на проектот е: Намалено влијание од климатски промени преку намалено испуштање на СО2 во Пехчево.
Преку овој проект ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево доби два нови котли за греење на биомаса – пелети, наместо досегашниот дотраен котел на фосилно гориво – нафта, а беа одржани и три обуки со вработените во детската градинка за зголемена свест за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Проектниот тим Ве поканува да присуствувате на настанот и поконкретно да се запознаете со резултатите од проектот.