Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ. Бр. 199/2014, 42/2015, 44/2015) Градоначалникот на Општина Пехчево го донесува следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат граѓаните и правните лица на територијата на Општина Пехчево дека се распишува
Јавен повик за доставување иницијативи за изработка на
Урбанистички планови
Јавниот повик се распишува согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 199/2014, 42/2015, 44/2015), во третиот квартал од 2015 год.
• Во период од 30 дена, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од членот 7 став 2 алинеја 2, 3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
• Предмет на иницијатива може да биде донесување на нов Урбанистички план, изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичка – планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
• Јавниот повик ќе трае од 01.12.2015 год. до 30.12.2015 год. – 30 дена, сметано од објавата во дневното гласило “Вечер”.
• Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Пехчево, www.pehcevo.gov.mk на огласна табла во Општината, во информацискиот систем е – урбанизам и преку објава во службеното гласило на Оптина Пехчево.
• Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма во архивата на Општина Пехчево или во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам во определениот рок.
• За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена или електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативи.
• Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на Урбанистички планови на територијата на Општина Пехчево за 2015 год.
Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите – правни или физички лица.