Во контекст на предстојните активности за подготовка на апликација за најновиот Повик за учество во програмата Општинско-корисна работа за 2015 година, Ве покануваме на Информативен состанок.
Проектот “Промовирање на одржливи вработувања IV и поддршка на Владата во спроведувањето на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2015”, е финансиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) и ќе се реализира во текот на 2015 година.
На информативниот состанок покрај претстваници од општина Пехчево, ќе бидат присутни и претставници од МТСП-Меѓуопштински центар за социјални работи Берово и АВРМ-Биро за вработување Берово и истиот претставува можност за планирање и координирање на активностите кои претстојат за подготовка на целосна апликација за Програмата Општинско-корисна работа.
Настанот ќе се оддржи на 30 Март 2015 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот во просториите на општина Пехчево.
Информативниот состанок претставува можност релевантните актери на локално ниво од делокругот на социјалната заштита и другите претставнички форми на категории на граѓани и неформални групи да се информираат за Програмата Општинско-корисна работа за 2015 година, односно за можностите кои таа ги нуди во поглед на заеднички активности за подготовка на реален, соодветен проект кој ќе има најголем ефект во заедницата во поглед на потребите на ранливите категории на граѓани, капацитетите на невработените лица и трендовите на локалниот пазар на труд.