Општина Пехчево денес ја започнаа хуманитарната акција за собирање на најнеопходните средства што во моментов се потребни за населението во Струмица, Карбинци, Чешиново-Облешево и Штип, кои се соочуваат со елементарна непогода- поплави. Од утрово собирниот пункт беше отворен пред влезот на Домот на Културата ,, Јане Сандански “. Иако беше најавено дека пунктот ќе биде отворен во 12 часот, луѓе доаѓаа уште во 9 часот.
Градоначалникот Игор Поповски јавно ги повикува граѓаните на Пехчево што помасовно да се вклучат во акцијата за помош на загрозените семејства, на нашите пријатели од овие општини. Акцијата започна денеска, а ќе трае и утре. Секој на свој начин во рамки на своите можности нека се приклучи кон оваа хумана акција. Јас знам и уверен сум дека граѓаните на Пехчево во масовен број и овој пат ќе ја покажат својата хуманост и солидарност и ќе помогнат на жителите во овие поплавени подрачја, истакна Поповски.
Пехчевци може да донираат финансиски средства на жиро сметката која ја истакна Црвениот Крст на Р.М или по 100 денари да донираат со едно вртење на телефонскиот број 143 400 на сите мобилни оператори. Може да се донираат и сретства за хигиена или вода за пиење.
Собирниот пункт пред Домот на културата на кои граѓаните на Пехчево ќе донираат средства за поплавените подрачја се отворени денес и утре од 12 до 15 часот.