Со почеток во 12 часот вчера во Пехчево се одржа настан – промоција на проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“. Имплементатор на проектот е Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија и истиот е дел од Програмата за зачувување на природата. Национален координатор на програмата е Helvetas Swiss Intercooperation од Швајцарија и Фармахем – Скопје, и истата е финасирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) во Македонија. Самиот проект е подржан и од о.Пехчево која што ја превзема одговорноста за одржливоста на проектот по неговото завршување.
Проектот е со времетраење од 9 месеци, а вкупниот износ за негова имплементација е 496.700 денари и целата сума е обезбедена од Програмата за зачувување на природата.
На настанот свои излагања имаа Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски, Координаторот за локални активности на Програмата за зачувување на природата Јасминка Пашалиска – Андоновска, а координаторот на проектот Ирена Кракутовска –претставник од Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија на присутните им го претстави проектот, предвидените активности и очекуваните резултати.