На ден 02.02.2015 година, со почеток во 12:00 часот во кафе бар „Square“ во Пехчево ќе се одржи настан – промоција на проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“. За таа цел, Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт – Македонија кое што е локален имплементатор на проектот ги поканува сите заинтересирани граѓани да дојдат и да се запознаат со проектот и со можностите и активностите предвидени во истиот.
На настанот ќе присуствуваат претставници на локалната самоуправа, Милиеуконтакт – Македонија како и од Програмата за зачувување на природата во Македонија.
Инаку, проектот го имплементира Програмата за зачувување на природата во Македонија и е проект координиран од Helvetas Swiss Intercooperation од Швајцарија и Фармахем – Скопје, а е финасиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) во Македонија.
Датум: