Идејата на документарниот филм ,, Музика без ноти “ е да се промовира Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево и да се прикаже значењето и зачувувањето на блех музиката во Македонија и има за цел да ја промовира традиционалната музика и на дувачките оркестри да им овозможи поголема афирмација.
Инаку Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево се одржува секоја година од 10 – 13 јули и е како дел од активностите за прославување на Павловден празник на градот Пехчево (13.07). Организирањето на Фестивалот и Етно саемот -,, Пехчевски Павловден ,, освен промоција на дувачките оркестри, овозможува промоција и презентација на традиционална храна, домашни ракотворби и занаети, не само од Пехчевскиот крај туку од цела Македонија. Овој Фестивал се организира во Пехчево веќе по четврти пат и секоја година има се повеќе заинтересирани учесници.
Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски, изразува огромна благодарност до Г-ѓа Снежана Лупевска и Канал 5 телевизија што изразија голема заинтересираност за Фестивалот во Пехчево и ја снимија оваа документарна емисија посветена на единствениот фестивал во Р.Македонија.
-Оваа документарна емисија значи многу за овој млад фестивал кој ги прави првите чекори и се обидува да се наметне како културна и туристичка атракција во Македонија со што ќе се придонесе и општина Пехчево да излезе од анонимноста.
Во таа смисла и улогата на Г-ѓа Лупевска и Канал 5 телевизија за нашиот Фестивал и за Пехчево е голема, бидејќи треба да се слушне за нас и за нашите активности, да се информира за настаните, а Вие тоа го направивте на еден крајно професионален начин за што сме Ви благодарни, истакна градоначалникот Поповски.
Им се заблагодаруваме и на сите учесници во овој документарен филм:
М-р Васил Ристов – професор по труба;
Г-дин Живојин Глишиќ – Професоро по теорија на музика и композиција
Г-дин Адам Тадич – Директор на фестивалот во Гуча – Р.Србија
Г-дин Драган Шушкиќ – Претседател на советот на општина ,, Лучани “ – Р.Србија
Оркестарот Џамбо Агушев и оркестарот Уска Кан