По повод месецот на книгата ОУМБ„Кочо Рацин“-Пехчево одржа уште една активност, а тоа е промоција на книгата„Вљубено срце“ на Ивана Поповска од Пехчево. Промоцијата се одржа во ресторанот „Мезе бар“ во Скопје.
„На самиот почеток сакам да кажам дека секоја активност што ОУМБ„Кочо Рацин“ ја организира, без оглед на тоа дека станува збор за промоција на книга, трибина со познат автор, поетско читање, или средба со македонски писател и јас како нејзин раководител, но пред се како една интузијастичка и романтична личност остава белег, остава силен впечаток врз публиката која знае внимателно да слуша, која знае да ги впие сите импресии од еден настан за кој подоцна долго време се раскажува, прераскажува, која знае да го препознае она вистинското во една личност“- истакна В.Д.Директорката Габриела Костадинова пред гостите во пријатниот амбиент на скопското поднебје во „Мезе бар“.
За да се долови вистинската содржина на оваа поезија, по неколку песни од поетската книга „Вљубено срце“ прочитаа Лилјана Стефановска, Мартина Зафировска и Сања Савевска. Потоа следуваше читање на рецензиите на Габриела Костадинова и Ванѓелко Лозановски.
На крајот пред присутните им се обрати и ги поздрави и самата поетеса Ивана Поповска. Промоцијата заврши со потпишување и доделување на книги на сите гости од страна на самиот автор.
На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски.