0.7 C
Pehčevo

    ЈАВЕН ОГЛАС за евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

    Датум:

    Општинско корисна работа Грб општина

    Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Програмата за развој на обединетите Нации и општина Пехчево, проектот “Промовирање на одржливи вработувања III”  и поддршка на Владата на Република Македонија во спроведување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година и Програмата за Општинско – корисна работа, општина Пехчево и Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 15.05.2014 година објавуваат:

    Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

    за

    евидентирани невработени лица за вклучување во

    Програмата Општинско – корисна работа

     

    1.Се повикуваат сите:

    1.1        Евидентираните невработени лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот и

    1.2     Сите евидентирани невработени лица кои активно бараат работа и кои ги исполнуваат условите

    *минимум III степен на ССС

    *со или без работно искуство

    кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Патронажна служба за помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови – нова форма на социјална услуга во општина Пехчево”  заради работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Работниот клуб на АВРМ, Биро за вработување Берово или во Подрачната канцеларија на АВРМ во Пехчево.

    2. Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет и на невработените лица-корисници на социјална помош ќе им мирува остварувањето на ова право до истекот на работниот ангажман.

    3. За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.000,00 денари (шест илјади денари) месечно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

    4. Избраните лица ќе бидат ангажирани од страна на општина Пехчево за извршување на општинско–корисна работа од сферата на социјалната заштита за период од 01.06.2014 година до 30.11.2014 година.

    5. Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да спаѓаат во категоријата лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд.

    6. Заинтресираните невработени лица од точка 5 од овој Јавен оглас, Пријави за учество во Програмата Општинско-корисна работа можат да подигнат и поднесат во Работниот клуб на АВРМ, Биро за вработување Берово и/или Подрачната канцеларија на АВРМ во Пехчево во периодот од 15.05.2014 година до 23.05.2014 година од 08:30 до 16:30 часот секој работен ден.

    7.  Лицата кои ги исполнуваат условите како предуслов за работниот ангажман ќе бидат поканети да посетуваат еднодневна обука за основен медицински пакет за помош и нега на стари и изнемоштени лица.

    8. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пехчево и избраните кандидати.

    Детални информации за Јавниот оглас можат да се добијат во општина Пехчево кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа на Тел: 033 441 321 и       Моб: 075 467 503, Работниот клуб на АВРМ, Биро за вработување Берово и Подрачната канцеларија на АВРМ во Пехчево и на следната интернет адреса: www.pehcevo.gov.mk

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...