Во мое лично име и од името на вработените во локалната самоуправа, на сите православни верници Ви го честитам празникот, Воскресение Христово – Велигден.
Велигден е најсветол ден и благословен е секој човек кој верува и ја разбира големата жртва на нашиот Бог кој ни ја откри боженствената тајна на преминот и победата на животот над смртта. Исус Христос воскресна од мртвите и на нас ни подари вечен живот. Тоа се зборовите кои треба вистински да ги разбереме, ни помагаат да го славиме животот, со чиста душа и добра мисла, да бидеме скромни, да си го почитуваме семејството, да се почитуваме меѓусебно, да си помагаме еден со друг и да живееме во мир и спокој.
Ви посакувам Велигден да го поминете во среќа и благосостојба, опкружени од своите најблиски и исполнети со верба и безмерна радост поради Христовата победа над смртта. Велигден како празник на светлината е убава можност, поткрепени од божјата милост, да работиме на нашата духовност, грижа и љубов за другите. Христовата жртва за човештвото нека биде патоказ за добродетелство, меѓусебно помагање и споделување со сите наши сограѓани без разлика на нивната етничка и верска припадност. Велигден е празник на победата на правдата над насилството. Празник на вечната верба и надеж. Нека е честит празникот и за многу години. Христос воскресна! Навистина воскресна!