Денеска во кабинетот на градоначалникот на општина Пехчево се одржа средба помеѓу претставници од општина Пехчево и претставници од Советот на Општина Симитли, Р.Бугарија во врска со новиот повик за поднесување на проекти во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.
Тема на овој состанок беше да се направи осврт и да се донесат оперативни одлуки во однос на тековните состојби, остварениот напредок како и отворените прашања и предизвици во рамки на процесот на спроведување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), со нагласок особено на ИПА Компонентата за прекугранична соработка.
На одржаната средба претставниците од двете општини изразија задоволство од можноста што ја нуди ИПА Програмата со убедување дека активно ќе ги искористат расположливите средства преку заеднички предлог проект.