Врз основа на член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/08, 45/11), градоначалникот на Општина Пехчево, го објавува следното известување:
• За организирање Јавен увид и Јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за ПД – локална стратегија за климатски промени за Општина Пехчево
– Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина за ПД – локална стратегија за климатски промени за Општина Пехчево, е ставен на Јавен увид на нашата веб страна во периодот од 07.03.2014 до 07.04.2014 година од каде може да се превземе, а може да се разгледа и во просториите на Општина Пехчево секој работен ден од 08 до 16:00 часот.
Општина Пехчево ја информира засегнатата јавност дека во текот на 30 дена од денот на објавувањето на горенаведениот документ, може да се доставува мислење по истиот, по електронски пат на e-mail: opstina_pehcevo@t-home.mkили zivkokalikov@yahoo.com по пошта или преку архивата на Општина Пехчево.
Се известуваат граѓаните и правните лица на Општина Пехчеводека ЈАВНАТА РАСПРАВА ќе се одржи на ден 24. 03. 2014 година со почеток во 11 часот во просториите на Општина Пехчево.
Извештај за стратегиска оцена на животната средина
Мислење по Извештај за стратегиска оцена на животната средина