8.1 C
Pehčevo

    Започна реконструкцијата на резервоарот во село Спиково

    Датум:

    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски денеска извршија увид на градежните активности на започнувањето на реконструкцијата на резервоарот за вода во село Спиково во близина на Пехчево. Со реконструкцијата на овој резервоар ќе се надмине проблемот со водоснабдување на околу 100 жители на ова село кои гравитираат секојдневно од Пехчево до селото.

    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски денеска изврши увид на градежните активности на започнувањето на реконструкцијата на резервоарот за вода во село Спиково во близина на Пехчево. Со реконструкцијата на овој резервоар ќе се надмине проблемот со водоснабдување на околу 100 жители на ова село кои гравитираат секојдневно од Пехчево до селото.

    На поднесеното барање до Градоначалникот Поповски од страна на Здружението на граѓани на село Спиково, за одобрување на финансиски средства за реконструкција на резервоарот во село Спиково, локалната самоуправа одвои и одобри средства од Буџетот за негова реконструкција, со што конечно овие жители ќе добијат доволно вода за пиење и наводнување на нивните насади.

    Станува збор за проект што општина Пехчево го реализира со цел за подобрување на состојбите со водоснабдувањето, при што со реконструкцијата на резервоарот во Спиково ќе се спречи загубата на водата и слабиот доток во водоводната мрежа.

    -Со реконструкција на овој објект ќе се овозможи користење на квалитетна вода, но и заштеди на вода. Резервоарот кој што го реконструираме е наменет да опслужува над 100 жители кои гравитираат секојдневно до ова село. Со заеднички напори ќе ги надминавме проблемите ќе го реконструираме резервоарот и ќе ја намалиме загубата на вода и слабиот доток во водоводниот систем и верувам дека со реконструкцијата на овој резервоар голем дел од вашите проблеми со водоснабдувањето конечно ќе бидат надминати, истакна градоначалникот Поповски.

    Поповски додаде дека ова не е единствениот, а уште помалку последен проект во ова село со кој општината вложува за подобрување на животните услови на сите граѓани.

    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски денеска извршија увид на градежните активности на започнувањето на реконструкцијата на резервоарот за вода во село Спиково во близина на Пехчево. Со реконструкцијата на овој резервоар ќе се надмине проблемот со водоснабдување на околу 100 жители на ова село кои гравитираат секојдневно од Пехчево до селото.

    Жителите крајно задоволни што конечно ќе го решат проблемот со вода кој години наназад им задаваше главоболки посебно во летниот период.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...