Игралиштето за мал фудбал во село Чифлик ќе биде осветлено за да може да се употребува и во вечерните часови. Иницијативата за да биде осветлено игралиште е на мештаните на ова село, а градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски им излезе во пресрет и уште еднаш докажа дека неговата програмата за изборите не е обично парче хартија.
-Игралиштето е оградено, а сега ќе биде и осветлено за да може да се употребува во доцните вечерни часови и на него може да се игра фудбал. За осветлување на ова игралиште е нешто што го ветив за време на мојата кампањата, место каде младите ќе спортуваат, дружат и рекреираат, рече градоначалникот Поповски.
Средствата за реализација на овој проект се од Буџетот на општината, а работите на терен ги изведува ЈКП ,, Комуналец ’’- Пехчево.