6.7 C
Pehčevo

    Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, во работна посета на општина Пехчево

    Датум:

    Денес Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, беше во посета на општина Пехчево. Димовски оддржа средба со градоначалниот на општина Пехчево Игор Поповски.

    Денес Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, беше во посета на општина Пехчево. Димовски оддржа средба со градоначалниот на општина Пехчево Игор Поповски. На состанокот  со градоначалникот Поповски се разговараше  за тековните активности и проекти кои се реализираат помеѓу  министерството и општината но и присуствуваше на започнувањето на изградбата на три улици во руралните средини во општината.

    Денес Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, беше во посета на општина Пехчево. Димовски оддржа средба со градоначалниот на општина Пехчево Игор Поповски.

    -Престојот во општина Пехчево го искористивме да го одбележиме почетокот на работите за селски улици во вкупна должина од еден километар за што ќе бидат инвестирани 4,746 685 денари, рече министерот Димовски.

    Во изминатиот период преку ИПА фондовите за подобрување на квалитетот на животот на населението во над 200 населени места во повеќе општини се асфалтирани 180 км селски улици и 200 км локални патишта што е докас за посветеноста на владата кон инвестиции во руралните средини. За последните пет години во руралната инфраструктура се вложени 1.2 милијарди денари, а за периодот 2014-2015 обезбедивме средствата наменети за таа цел во износ од 18 милиони евра, додава Димовски.

    Улиците каде до неодамна немаше инфраструктура, а за три месеци ќе биде завршена изградбата на улиците, ќе бидат подобрени условите за живот на маштаните во селата Умлена, Чифлик и Негрево.

    Општина Пехчево продолжува со реализација на својата програма за уредување на патната инфраструктура во руралните средини. Денес започнаа градежните активности на 3 улици во должина од над 1км во селата Чифлик, Умлена и Негрево. Вкупната вредност на овој проект изнесува 4,746.685,денари финансирани од Агенцијата за финансиска подршка за земјоделието и руралниот развој и општина Пехчево.

    „ Во стратегијата и програмата на општина Пехчево имаме планирано тековно одржување и асфалтирање на патишта и улици, но денешната активност ќе се реализира благодарение на средствата кои ги добивме од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Во овие села изминатиот период интервениравме на повеќе начини, но по барање на мештаните денеска започнуваме со интервенции во патната инфраструктура во тие села. Се работи за 3 улици кои што ќе бидат градежно средени и наредени со бехатон плочки. Изградбата на улиците е од големо значење за мештаните, затоа што на овој начин им се надминуваат доста од проблемите со кои се соочуваа во изминатиот период ’’- истакна градоначалникот Поповски.

    Денес Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, беше во посета на општина Пехчево. Димовски оддржа средба со градоначалниот на општина Пехчево Игор Поповски.

    Жителите на овие селски населби задоволни од изградбата на овие улици.

    Изразуваме голема благодарност. Градоначалникот Поповски ветеното го исполни, ни рече дека во почетокот на годината овој проект ќе биде започнат. Тој е единствениот градоначалник кој за време на кампања дошол тука да не посети и повторно се вратил тука на отварање на нов проект, задоволни истакнаа жителите на село Чифлик.

    Градоначалникот Поповски со жителите разговараше и за идните приоритети на оваа урбана заедница од кои дел предвидено е да се реализираат идната година.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...