Поради големата заинтересираност од страна на граѓаните, општина Пехчево по втор пат ги отвара вратите за граѓаните, се со цел поголема транспарентност, подобрена комуникација и интерактивност, квалитетна услуга и информираност на граѓаните.
На овие средби граѓаните ќе можат да ги посочат своите проблеми, идеи и предлог проекти, како и да покренат нови иницијативи со кои можат директно да придонесат во изнаоѓање на квалитетни решенија и подобрување на одредени состојби во заедницата и истите да ги презентираат на градоначалникот и стручните служби во општината. Исто така граѓаните овие средби, можат да ги искористат да побараат одговор на прашања кои се од нивни интерес, да се информират за сработеното во општината и за идните активности.
Отворени денови за граѓаните кога ќе се одржуваат средбите, ќе биде секој понеделник и среда од 12:00 до 15:00 часот, во просториите на административната зграда на општина Пехчево.