6.7 C
Pehčevo

    Вицепремиерот Ставрески во работна посета на Пехчево

    Датум:

    Денеска во работна посета на Пехчево престојуваа вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски и директорката на Светска банка за Македонија Малгоржата Маркиевиќ - Богов.

    Денеска во работна посета на Пехчево престојуваа вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески и директорката на Светска банка за Македонија Малгоржата Маркиевиќ – Богов.

    Три улици во должина од 3 километри ќе се градат во Пехчево преку проектот на Владата и Светската банка. Станува збор за две улици во с. Панчарево и една во с. Робово. Денеска во Општина Пехчево, министерот за финасии Зоран Ставревски и градоначалникот Игор Поповски го потпишаа договорот, а висината на проектот за изградба на улиците е 7,7 милиони денари. Рокот на отплатата е 13 години со тригодишен грејс период. 

    Денеска во работна посета на Пехчево престојуваа вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски и директорката на Светска банка за Македонија Малгоржата Маркиевиќ - Богов.

    – Соработката на Владата со оваа и со другите општини продолжува и во наредната година. Подготвени сме да ги подржиме сите квалитетни проекти за подобрување на комуналната инфраструктура во населените места, изјави министерот Ставревски.

    По подготовка на материјалите, стигнавме до крајот на процедурата која пак означува и официјален старт на активностите за уредување на три улици во селските населби, а со тоа и на целата општина Пехчево. Конечно жителите на овие селски населби ќе кажат збогум на калта.

    Реализацијатана мојата програма за изградба на улици и патишта, покрај другите ги опфаќа и двете улици во Панчарево со вкупна должина од околу 1.400 метри и една во Робово од 800 метри.,со што ќе се исполни и долгогодишната потреба на жителите од овие две села да имаат асфалтирани улици

    Ова е убава работа, нешто што ќе го промени ликот на општината, нешто што со децении било запоставувано, конечно ќе се урбанизира и модернизира. Со тоа покажуваме дека имаме капацитет за големи проекти но и дека сакаме да го обновуваме Пехчево за идните генерации, истакна градоначалникот Игор Поповски, при потпишувањето на договорот.

    Општина Пехчево со грантови од Светска банка го реши и долгогодишниот проблем за собирање на сметот со набавка на специјално возило за ЈКП ,, Комуналец ’’

    Денеска во работна посета на Пехчево престојуваа вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски и директорката на Светска банка за Македонија Малгоржата Маркиевиќ - Богов.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...