Под мотото ,, Засади здравје! Засади здрава иднина!’’, на 27.11.2013 година (среда), општина Пехчево со засадување на 2000 садници ќе се вклучи во 12-та акцијата ,, Ден на дрвото – засади ја својата иднина ’’.
2000 садници црн бор резервирани за акцијата во среда на местото ( Драганчица ) – Равно борје на 2км оддалеченост од Пехчево, ќе се насадат на површина од 1 хектар.
,, Ги повикувам сите жители на Пехчево на 27.11.2013 г. (среда) да земат учество во акцијата ,, Ден на дрвото – засади ја својата иднина ’’ и со засадување на што повеќе садници да придонесат кон унапредување на животната средина ’’- истакна градоначалникот Поповски.
Акцијата ќе започне во 8 часот.
Целта на мотото ,, Засади здравје ! Засади здрава иднина! ’’ на дванаесетата акција ,, Ден на дрвото ’’ е да се стави акцент на сите придобивки од пошумувањето за здравјето на луѓето, животните и целиот био-свет.