Вчера градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски, заедно со првиот човек на Министерството за локална Самоуправа Тахир Хани, претставници на министерствата за локална самоуправа и животна средина и 25 градоначалници од Источниот, Југоисточниот и Скопскиот плански регион кои беа во петдневна работна посета на Словачка и Чешка, се врати задоволен од посетата и со нови идеи за развој на Пехчево.
Регионален економски развој преку иновативни идеи во регионалниот менаџмент е целта на тематското патување во Словачка и Чешка за претставници на министерствата за локална самоуправа и животна средина и 25 градоначалници од Источниот, Југоисточниот и Скопскиот плански регион.
Организатор и финансиер на тематското патување е ГИЗ РЕД програмата за размена на искуства на македонските градоначалници со своите колеги во Словачка и Чешка.
Поповски заедно со македонската делегација посетиле неколку помали општини во Словачка и Чешка и остварил неколку средби со функционери од Брно, како и со градоначалникот на Братислава, на која биле претставени имплементираните проекти за пристап до европските фондови наменети за развој на регионите.
Иновациите и трансферот на технологиите во Братиславскиот регион беа презентирани во министерството за транспорт, градба и регионален развој, како и во министерството за земјоделие и рурален развој.
-Многу важно е да се слушнат мислења и да се разменат искуства, како оди искористувањето на фондовите во овие две земји. Можеме да научиме многу како да ги искористиме странските фондови. Се надевам дека во иднина повеќе ќе се доближиме до стандардите до ЕУ и повеќе ќе ги искористиме странските фондови за подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани на нашата општина, истакна градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски.
Македонската делегација, го посетиле и националниот парк Подиј во Чешка.