-0.2 C
Pehčevo

    Реконструкција на сува комора на резервоар во село Црник, Општина Пехчево

    Датум:

    Проектот „Реконструкција на сува комора на резервоар во село Црник, Општина Пехчево“ во вредност од 1.103.803,00 денари. Финансиските средства Општина Пехчево ги има обезбедно од страна на Министерството за транспорт и врски, Потпрограма 11 – Поддршка на имплементацијата на Декада и Стратегија за Ромите за 2022 година.
    Со реализацијата на овој проект, променети се сите фасонски делови во резервоарот, пуштена е во употреба втората комора од резервоарот и поставена е дополнителна опрема за хлорирање на водата.
    Постоечката водоводна арматура и фасонски парчиња беа застарени нефункционални и можеше да дојде до нивно пукање, па затоа истите се заменети со нови.
    Село Црник во летните и сушни периоди имаше недостаток на вода и населението остануваше без вода за пиење, но со пуштање во употреба на втората комора од резервоарот проблемот со водоснабдување е решен.
    Со поставената дополнителна опрема за хлорирање на водата ќе се достигне поголем квалитет на истата и уништување на сите патогени и факултативно патогени микроорганизми.
    Со реализација на проектот „Реконструкција на сува комора на резервоар во село Црник, Општина Пехчево“ постигната е целта односно обезбедена е чиста вода за пиење на населението и подобрено е водоснабдувањето на селото.
    Го исполнуваме и реализираме ветеното на граѓаните!

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026 НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО На 24.11.2025 и...

    Дневен ред за 3-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Локалниот младински совет од Пехчево оствари посета на Младиснкиот центар во Пробиштип и Младинскиот хаб во Штип

    Овој викенд претставници на Локалниот младински совет и Локалното...