-1.6 C
Pehčevo

    Здружение на граѓани „Градски хор Штип“ со целовечерен концерт во Пехчево

    Датум:

    Градски хор Штип

    Ансамблот кој ги промовира староградските македонски песни и серенади Здружение на граѓани „Градски хор Штип“ на 15 јуни (петок) во 20 часот ќе одржи целовечерен концерт на сцената во Домот на културата „Јане Сандански“- Пехчево.

    На репертоарот на ансамблот се ставени нумери кои ја одразуваат богатата традиција на македонската музика.

    Здружение на граѓани „Градски хор Штип“ е основано на 01.04.2009г. со цел зачувување од заборав и промовирање на староградските песни и серенади. Во овој аматерски мешовит ансамбл членуваат ентузијасти од различни професии.

    DIGITAL CAMERA

    Инаку, Градски хор Штип има учествувано на повеќе фестивали и овојувано повеќе награди и признанија како: Grand-Prix на X фестивал „Пеј срце“ – Ќустендил, Р. Бугарија, Прва награда во категорија мешани хорови на XI фестивал на шлагери и староградски песни „Пеј срце“ – Ќустендил, Р. Бугарија, Прва награда на републичкиот фестивал „Илинденски денови“ –Битола, Прва награда во категорија мешани ансамбли на XXII фолклорен фестивал – Костандово, Р. Бугарија, Фестивал на староградски песни и серенади Осоговска староградска вечер во Крива Паланка, Прва награда во категорија машки вокални групи на XI фестивал на шлагери и староградски песни „Пеј срце“ – Ќустендил, Р. Бугарија, Оснивач, организатор и учесник на I Интернационален фестивал на пејачки групи „Астибо-фест“, Штип и многу други.

    Организацијата на целовечерниот концерт е на општина Пехчево и хотел „Гогов“.

    Го очекуваме вашето присуство.

    Влезот е слободен.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...