0.2 C
Pehčevo

    Започна изградбата на нов резервоар за вода во село Панчарево

    Датум:

    Општина Пехчево денес стартуваше со изградбата на водоводот во селото Панчарево. Проектот ќе го реши долгогодишниот проблем на повеќе од 150 жители за здрава и чиста вода за пиење.

    Општина Пехчево денес стартуваше со изградбата на водоводот во селото Панчарево. Проектот ќе го реши долгогодишниот проблем на повеќе од 150 жители за здрава и чиста вода за пиење. Станува збор за водовод што ќе црпи вода од изворот местото викано Дренов дол. Пивката и бистра вода за пиење до селото Панчарево ќе стигне со помош на водоводната мрежа од 3 километри. Вака проектираниот водовод ќе ги задоволи потребите на селото Панчарево во наредните десетици години.

    Општина Пехчево денес стартуваше со изградбата на водоводот во селото Панчарево. Проектот ќе го реши долгогодишниот проблем на повеќе од 150 жители за здрава и чиста вода за пиење.

    Во проектот Изградба на водовод се предвидени изградба на два базени со по 40м3 односно 80 м3 вода и сува комора за сместување на вентилите со р 1,44м2 .Објектот ќе биде изведен од армирано бетонска скелетна конструкција  со сводести армирано бетонски плочи.

    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски вели дека со изградбата на водоводот во с.Панчарево не само што ќе се обезбеди чиста вода за пиење,туку и жителите ќе ги намалат трошоците за купување флаширана вода.

    -Чистата вода за пиење е една од главните предуслови за живот, а со изградбата на новиот резервоар покрај другите предности ќе се намалат трошоците на населението бидејќи нема да бидат приморани да купуваат флаширана вода. Овде има убава природа, услови за земјоделие па се надеваме дека децата на овие семејства овде ќе се вратат, ќе ги посетуваат постарите и ќе ги обноват куќите – изјави градоначалникот Поповски.

    Резервоарот за вода, со капацитет од 80м3 го гради фирмата “Медиа Инг”, а работите треба да завршат до крајот на септември. Вредноста на инвестицијата изнесува  околу 2 милиони денари.  Средствата се обезбедени од програмата ИПАРД, наменета за инвестиции и за поддршка на земјоделството и руралниот развој во земјава, преку  Агенцијата за финансиска поддршка во  земјоделството и руралниот развој.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...