0.3 C
Pehčevo

    Втората фаза од ГИС системот ќе го опфати подземниот катастар во сите 11 општини од Источниот-плански регион

    Датум:

    Продолжуваат активностите кои се спроведуваат за имплементација на проектот за Воспоставување на регионално планирање и Географско информационен систем во општините од Источен плански регион.

    ГИС исток1

    За таа цел, денес претставници од фирмата „Калиопа“ на работилница во Пехчево со присутните градоначалници од сите 11 општини во состав на регионот како и претставници на Центарот за развој на Источниот-плански регион ги споделија искуствата од Словенија во оваа област.

    -Во рамки на втората фаза од проектот „Географски информационен систем во Источен плански регион која се однесува на подземниот катастар, денес во Пехчево ги презентиравме резултатите од првата фаза од спроведениот проект како и потребата од воспоставување на она што ќе следува во рамки на неговата втора фаза. Главен акцент на денешниот работен состанок ставивме на олеснувањето на работењето на општините во делот на урбанизам, даноци и комуналии кое сметано дека е важен фактор за успешно функционирање и прецизирање на надлежностите во споменатите сфери, истакна експертот од „Калиопа“, Игор Димник.

    ГИС исток

    Со проектот се опфатени општините Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип.

    -Ако првиот дел од проектот „Воспоставување на ГИС во ИПР“ се однесуваше на превземање технологии, знаења и искуства во делот на собирање, чување, одржување и анализирање на општински и останати јавни податоци втората фаза се однесува на имплементацијата на подземен катастар во сите 11 општини од Источно планскиот регион. Вредноста на спроведувањето на проектот се уште се пресметува и наскоро ќе биде познато со колкав буџет општините би учествувале во неговата реализација, а колку од средствата би биле поддршка преку грантови, информираат од Центарот за развој на Источниот-плански регион кој е имплементатор на проектот.

    ГИС исток2

    Инаку, Географско-информацискиот систем на територијата на сите 11 општини започна да функционира при крајот на 2014 и почетокот на 2015 година при што Брегалничкиот регион стана прв во државата каде институциите и граѓаните можат да ги користат придобивките од современата технологија за добивање податоци поврзани со пртосторното планирање.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...