-2.6 C
Pehčevo

    Во пехчевското село Негрево започна реализацијата на проектот ,,Едукативен центар за зачувување на природата“

    Датум:

    Денес општина Пехчево официјално отпочна со реализација на проектот „Воспоставување на Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион во с. Негрево“, со поддршка од Програмата за зачувување на природата во Македонија, која е финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).Координатор на Програмата во Р.Македонија е Фармахем, во партнерство со Швајцарската организација Helvetas Swiss Intercooperation.

    Основната цел на едукативниот центар е да придонесе кон зачувување на природата во Брегалничкиот регион, преку едукација и подигање на јавната свест, како и промоција на одржливото користење на природните ресурси.

    Денес општина Пехчево официјално отпочна со реализација на проектот „Воспоставување на Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион во с. Негрево“, со поддршка од Програмата за зачувување на природата во Македонија, која е финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).Координатор на Програмата во Р.Македонија е Фармахем, во партнерство со Швајцарската организација Helvetas Swiss Intercooperation.
    Едукативниот центар ќе биде позициониран во старата училишна зграда во село Негрево. Изборот на локацијата е направен врз основа на анализа, а со цел да овозможи непосреден пристап на посетителите до природата и до област со специфични природни вредности. Во првата фаза објектот ќе биде реконструиран и функционално прилагоден на потребите на Центарот, со уредување и на дворното место околу објектот, со финансиска подршка од околу 150.000 Швајцарски франци. Во втората фаза од проектот Едукативниот центар за зачувување на природата ќе биде целосно опремен за негово функционирање од страна на донаторот со опрема во вредност од околу 50.000 Швајцарски франци.

    Денес општина Пехчево официјално отпочна со реализација на проектот „Воспоставување на Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион во с. Негрево“, со поддршка од Програмата за зачувување на природата во Македонија, која е финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).Координатор на Програмата во Р.Македонија е Фармахем, во партнерство со Швајцарската организација Helvetas Swiss Intercooperation.
    Едукацијата е една од најважните алатки во процесот за подигање на јавната свест за зачувување на природата, која исто така е препознаена и од страна на институциите и граѓаните кои живеат во Брегалничкиот регион. Со отварање на Едукативниот центар младите од регионот и пошироко ќе имаат можност директно и практично да се запознаат со биоразновидноста и природните богатства што ги има во Брегалничкиот регион и преку современ и иновативен пристап да научат повеќе за својата околина. За таа цел Едукативниот центар за зачувување на природата ќе воспостави соработка со регионалните основни и средни училишта за користење на истиот како ресурс за еднодневна наставна екскурзија, како и со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип за користење на центарот за конференции, предавања и научни собири што се однесуваат на природата, нејзиното зачувување и подобрување на односот на човекот кон природата. Покрај овие, Едукативниот центар ќе реализира уште многу други активности, се со цел да ја збогати својата понуда и да ги промовира природните убавини на Брегалничкиот регион и ќе допринесе за подигање на јавната свест за зачувување на природата и во поширокиот регион, особено ако се земе во предвид дека Пехчево е дел од Балканскиот зелен појас и има можности и за прекугранична соработка.

    Програмата за зачувување на природата во Македонија е креирана со цел да и помогне на Република Македонија во зачувување на големата биолошка разновидност и природните еко системи преку промоција на нивното одржливо користење и управување. Активностите се реализираат на три нивоа: национално, регионално и локално. Во реализација на програмата се применуваат холистички, партиципативен и системски пристап и има за цел да создаде поврзаност меѓу зачувувањето на природата и одржливиот развој.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...