4.3 C
Pehčevo

    Во Пехчево работилница за подигање на свеста за заштитените подрачја

    Датум:

    Eдукативни предавања за придобивките од заштитените подрачја, беше темата на денешната работилница за средношколци од Берово и Пехчево кои преку симулација во улога на активни чинители донесуваат одлуки за состојбата на биодверзитетот за регионот од кој доаѓаат.

    Едукативен работилница

    Според Фросина Пандурска Драмиќанин од Македонското Еколошко Друштво, идејата на овие обуки е учениците од оваа возраст да се запознаат со терминот заштитено подрачје.

    – Ова е еден од низата настани кои ги планираме за подигнување на јавната свест во поглед на идните заштитени подрачја Осогово и Ченгино Кале од категоријата пет предложени од експертите односно заштитен редел. Во регионот се планираат уште многу активности конкретно со рурални заедници односно земјоделци, разни трибини каде што повеќе и подетално ќе се разговара за начинот на управување на идните заштитени подрачја, за дефинирање на границите и консолидирање на желбите и потребите на локалното население, која додаде дека иста ваква обука ќе се организира и во петок за средношколци од Кочани, рече Драмиќанин.

    Ова е прв официјален настан кој се организира во Едукативниот центар во пехчевско Негрево, кој неодамна беше отворен со помош на Швајцарската амбасада и е прв од ваков тип во Македонија.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...