-1.6 C
Pehčevo

    Во Пехчево, ќе се одржи работилница на тема „Природата е најубава во пролет“

    Датум:

                                         Проект на УСАИД за општински стратегии за климатски промени кој го спроведува Милиеуконтант МакедонијаПрограма за зачувување на природата

    По повод денот на пролетта, 21 март со почеток во 12:00 часот на плоштадот во Пехчево ќе се одржи работилница на тема „Природата е најубава во пролет“. Работилницата е во склоп на проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево “ чиј имплементатор е Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт – Македонија, а истиот е дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија. Целта на работилницата е преку цртеж, ракотворба или литературно дело најмладите да ги претстават убавините на природата.

    За таа цел, ги поканува сите заинтересирани ученици од прво до петто одделение да присуствуваат на работилницата и да го дадат својот придонес за природата.
    Поради заедничкото поле на интерес за работа, работилницата ќе биде поддржана и од Мрежата за рурален развој на Македонија.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...