0.7 C
Pehčevo

    Во општина Пехчево одбележана глобалната кампања за подршка на ставањето крај на насилството врз жените и девојчињата

    Датум:

    Кампања крај на насилството врз жените

    Претставници на Организацијата на жени на Пехчево, вчера беа во посета на локалната самоуправа и градоначалникот Тренчовски. Во кабинетот на градоначалникот симболично беше поставена голема портокалова панделка, за поддршка на ставањето крај на насилството врз жени и девојчиња, со што беше одбележана глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ која се одржува во периодот помеѓу 24 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените и 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

    На состанокот Претседателката на организацијата на жени од Пехчево Примариус доктор Нада Симовска го промовираше и активностите на проектот „Кафе муабет за живот – некогаш и сега“ кој започна со реализација на 01.11.2017г. На градоначалникот Тренчовски му беа презентирани конктретните активности на двете страни, како и логистичка и друга подршка која е потребна од локалната самоуправа, при што следуваше и потпишување на Меморандум за соработка од двете страни.

    Кампања крај на насилството врз жените1

    Проектот „Кафе муабет за живот – некогаш и сега“ е мал проект-грант, кој се спроведува во партнерство на Црвен крст на Р.Македонија, НВО Хуманост-Скопје, Мрежата Инклузива М, како дел од Проектот – Преземање на акција за социјално вклучување на старите лица, со финансиска подршка од Европската унија, Црвениот крст на Австрија и Австриската развојна помош за Македонија.

    Кампања крај на насилството врз жените2

    Покрај овие активности Симовска го запозна градоначалникот и за одбележувањето на Неделата за грижа на стари лица и за прашања од комунален интерес на граѓаните.

    На средбата се заклучи дека е неопходно ажурирање на постојаните комисии, формирани од Советот на општината, Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените,Комисијата за заштита на правата на пациентите,Советот на млади и други тела,кои значат поврзаност на граѓаните со локалната самоуправа.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...