Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата ,, Свети Петар и Павле ‘‘ и оваа година традиционално организираа празнување на големиот христијански празник Богојавление Водици.
Верниците од Пехчево ќе имаат можност да присуствуваат на осветувањето на водата во реката Писа.
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, црквата ,, Св. Петар и Павле ’’ ќе одржи света божествена литургија. Литургијата ќе започне во 8 часот, додека чинот на фрлањето на светиот крст во водата е најавено за во 10 часот во центарот на Пехчево.
За најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст предвидени се награди од градоначалникот на општина Пехчево и црквата ,, Свети Петар и Павле ’’.
Како што е и традицијата, оној кој ќе биде најсреќен и ќе го фати крстот во реката Писа, од локалната самоуправа ќе добие LCD телевизор.
За многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува се помасовна, општина Пехчево годинава обезбеди топли пијалоци за сите присутни.
Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Јован Крстител го крстел Исус Христос во реката Јордан. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата, а кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.