-2.6 C
Pehčevo

    Успешно реализирана работната акција „Заедно до поголеми детски насмевки” во село Црник

    Датум:

    Жителите на пехчевското село Црник ја реализираа работната акција „Заедно до поголеми детски насмевки која се спроведе во рамките на кампањата „Мрдни со прст“. Во акцијата беа вклучени 60-тина млади, деца и возрасни кои излегоа  и активно се вклучија во уредувањето на дворот пред детската градинка во селото каде беа поставени детски реквизити.

    Црник градинка

    Ромина Кајтазова од НВО „Кхам“ од Делчево и координатор на проектот, изрази благодарност до граѓаните на општина Пехчево, до градоначалникот Драган Тренчовски, а посебно до жителите од село Црник  кои придонесоа за успешност на акцијата.

    Мрдни со прст

    Во оваа акција се покажа дека соработката со институциите е возможна и дека со желба, ентузијазам и проактивност може да се случи промената што сакаме да ја видиме. Ние, како НВО КХАМ од Делчево очекуваме да продолжи ентузијазмот на граѓаните за промена на нештата, но исто така очекуваме совесно и грижливо да се одржуваат општите добра, рече Кајтазова.

    Мрдни со прст

    Таа додаде дека акцијата е поддржана од страна на НВО КХАМ од Делчево и општина Пехчево во рамки на иницијативата „Мрдни со прст“ заедно Детската градинка 7 Септември  и има за цел цел да ја подигне јавната свест за различните можности кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи за приднонес  кон специфични активности  во рамки на  заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат индивидуално, но и колективно.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...