-3.3 C
Pehčevo

    Свечено отворен прекрасниот плоштад во Пехчево

    Датум:

    svajcarski ambasador 025

    Проектот „ Изградба на плоштад и уредување на околниот простор  “ во Пехчево е успешно реализаран во рамките на Програмата „Форуми на зедницата“, која општина Пехчево ја спроведе во соработка и со финансиска подршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и имплементирачката ,, АЛКА ’’ од Скопје.

    Во таа прилика амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија Стефано Лазарото денеска престојуваше во општина Пехчево каде во употреба го пушти новиот градски плоштад кои се реализираше со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамки на програмата „Форуми во заедницата“.

    Во рамките на официјалната посета на швајцарскиот Амбасадор, Градоначалникот Поповски го изрази своето задоволство од досегашната соработка со швајцарската Амбасада и со Н.Е. Лазарото.

    svajcarski ambasador 006

    На средбата во кабинетот на градоначалникот Поповски се разговараше за економскиот развој на Пехчево, потенцијалите што ги има општината со сите свои предности и сите развојни проекти.

    -Сакам да Ви пожелам добре дојде во нашиов град. Се надевам дека и во иднина ќе продолжи нашата соработка и како и досега ќе ги разменуваме нашите искуства и идеи поврзани со многуте области на меѓународна соработка, истакна на средбата Градоначалникот Поповски.

    svajcarski ambasador 013

    По средбата градоначалникот и Швајцарскиот амбасадор и нивните соработници се упатија кон плоштадот каде со сечење на црвена лента, и пригодна манифестација свечено беше пуштен во употреба новиот градски плоштад.

    svajcarski ambasador 056

    Градоначалникот директно им се заблагодари на сите граѓани на Пехчево за директното учество во процесот ,, Форум во заедницата ’’ и се заблагодари и на Швајцарската агенција за обнова и развој SDC за финансиското учество во проектот.

    Програмата Форуми во заедницата отвори нови хоризонти за соработка и директно учество на граѓаните во процесот на создавање инфраструктурни содржини, и тоа од иницијатива до нивна комплетна реализација. Многу важна придобивка е што граѓаните имаа можност, според демократски принципи, да одлучат што е најприоритетно за нивниот град и да го осознаат патот од идеја до реализација на проектите.Во текот на сите сесии бевме сведоци на многу корисни предлози, идеи и добронамерни критики  да го направиме Пехчево прекрасно место за живеење. Овде не се делевме ни по образование, ни по политичка определба, туку бевме единствени во настојувањата да го одбереме најнеопходниот, најпогодниот и во моментот најрационален проект.

    Ја користам оваа можност најпрвин да им се заблагодарам на граѓаните на општина Пехчево што во голем број учествуваа на сите форумски сесии и го дадоа својот придонес за развој на општината, и ја зголемија партиципативноста во донесувањето на одлуките и даваа свои предлози и решенија за проблемите со кои се сочуваа.

    Голема благодарност изразувам и до Швајцарската агенција за обнова и развој SDC за финансиското учество во проектот со грант од 2.400.000,оо денари, Благодарност и до Центарот за одржлив развој ,,Алка,, од Скопје како имплементирачка организација, како и до Изведувачот ,,Форма,, Струмица, Стучниот надзор ,,Габер Проект,, – Берово, – истакна градоначалникот Поповски.

    Пред присутните се обрати и Швајцарскиот амбасадор Неговата Екселенција г-дин Стефано Лазарото кој истакна дека и во наредниот период пехчевската локалната самоуправа ќе биде корисник на средства од програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка.

    Ова е заеднички успех на централната и локалната власт која аплицираше со успешно подготвени апликации кои потоа беа одобрени од наша страна. Убеден сум дека и во наредниот период пехчевската локална самоуправа повторно ќе биде корисник на средства од програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка, -рече амбасадорот Н.Е. г-дин. Лазарото.

    svajcarski ambasador 071

    По завршувањето на манифестацијата амбасадорот Стефано Лазарото се запозна и со убавините кои ги нуди општината. Тој ја посети туристичката населба Равна река каде што се сместени Пехчевските водопади.

    Воодушевен од убавините кои ги нуди туристичката населба истакна дека туризмот, како економска гранка е предуслов за развој на Општина Пехчево, чистата природа и природните раритети треба да се стават во функција на туризмот.

    Проектот ,,Изградба на плоштад и уредување на околниот простор,, во вредност од 4.800.000,оо денари првично, но конечно во вредност од 7.349.978,00 денари од кои 2.400.00,00 денари се грант од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а останатиот дел се средства од буџетот на општина Пехчево, беше избран како проект со најголема подршка од граѓаните кои учествуваа на Форумите во заедницата кои за прв пат се одржаа во општина Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...