По повод Недела на детето и празникот 11 Октомври, денеска во основното училиште ,, Ванчо Китанов ‘‘, децата од петто одделение организираа свечена претстава за прием на првачињата во Светската детската организација.
-Во сите држави членки на Обединетите нации првата полна недела од месецот Октомври е почеток на детската недела, по тој повод во нашето училиште се организира свечена програма на која што учениците од прво одделение ќе го дадат своето ветување и ќе бидат примени во светската детска организација. Мотото на манифестацијата е ,, Сите сме едно, растеме заедно ‘‘, нашето училиште во таа чест повеќе години организира свечена претстава со цел да им посакаме добредојде на првачињата од нашето училиште и да им го честитаме приемот со програмата која ја организираа учениците од петто одделение во нивна чест, истакна учителката Оливера Кратевска.
Првачињата ја положија свечената заклетва и со читање на детските права свечено беа примени во Светската детската организација.