-2.3 C
Pehčevo

    Стојан Митриновски е најсреќниот за Водици во Пехчево

    Датум:

    Дваесет и пет годишниот Стојан Митриновски од Пехчево беше најбрзиот и најсреќниот кој успеа да го фати осветениот крст во осветените води во реката Писа.

    Традиционално осветување на водата на пехчевска Писа се одржа во присуство на голем број верници од Пехчево, но сепак, најсреќен е 25-годишниот Стојан Митриновски од Пехчево, кој по втор пат го извади светиот крст од водите на ладната река Писа.

    Дваесет и пет годишниот Стојан Митриновски од Пехчево беше најбрзиот и најсреќниот кој успеа да го фати осветениот крст во осветените води во реката Писа.

    Митриновски на сите православни христијани им го честиташе христијанскиот празник Богојавление и посака многу среќа, радост и здравје.

    На традиционалното осветување на водата на реката Писа во Пехчево и оваа година учествуваа 20-тина млади пехчевци кои скокнаа во водата обидувајќи се да го фатат светиот крст во водите на реката Писа.

    Дваесет и пет годишниот Стојан Митриновски од Пехчево беше најбрзиот и најсреќниот кој успеа да го фати осветениот крст во осветените води во реката Писа.

    Младиот Стојан го доби LCD – телевизорот што го доделува општина Пехчево, а градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, лично му го честиташе успехот на Митриновски, но и празникот на сите граѓани на Пехчево, од свое лично име и од името на општинската администрација, посакувајќи им љубов, почитување и успешна година на сите полиња.

    На големата церемонија претходеше и водосвет во црквата ,, Св. Петар и Павле ’’ каде голем број верници беа присутни на Свечената Богојавленска литургија. Отец Горан и отец Љупчо му посака успех, среќа и благодет на најсреќниот на овогодинешните Водици, Стојан, како и на сите граѓани на Пехчево. Во нивната порака се повика на љубов, меѓусебна толеранција и почитување, во име на Светиот дух на Господ Бог кој според православното христијанство на овој светол ден му се јави на човештвото, за прочистување на неговото тело и дух, во водите на Јордан.

    За многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува се помасовна, општина Пехчево годинава обезбеди топли пијалоци за сите присутни.

    Инаку, Богојавление – Водици е христијански празник кој се слави уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...