Денес, со официјално воведување во работа на изведувачот “ Градежник ИНГ ” – Берово, во село Црник започна реализацијата на проектот Доградба на ПООУ (подрачното општинско основно училиште) Ванчо Китанов. Со реализацијата на овој проект, во училиштето во с.Црник се прошируваат капацитетите за уште 50-тина дечиња во четири нови училници, a ќе се гради и канцеларија за наставниците.
Со оваа доградба општината заедно со ООУ„Ванчо Китанов“ посветуваат големо внимание за решавање на долгогодишниот проблем од недостиг на капацитети за дечињата во училишна возраст.
Инвестицијата за проектот „Доградба на ПООУ „Ванчо Китанов“ во с,Црник е од буџетот на училиштето со поддршка од локалната самоуправа и е во вредност од околу 6.900.000 денари. Градежните работи треба да отпочнат во текот на наредната недела, додека рокот за изведба е 4 месеци.
Инаку, во училиштето во с.Црник во тек е реконструкцијата на тоалетите и училниците, што значи дека до стартот на учебната година ова училиште ќе добие нов и модерен внатрешен изглед.