11.5 C
Pehčevo

    Специјално за љубителите на Саша Ковачевиќ. Во сабота дружење со своите фанови во кафе бар КИМ – Пехчево

    Датум:

    sasa kovacevic

    Саша Ковачевиќ како специјален гостин со концерт и средба со фановит

    Викендов во Пехчево ќе биде исполнет со единствената од ваков вид манифестација во земјава, Фестивал на дувачки оркестри. Покрај дувачките оркестри од земјава и регионот, специјален гостин на фестивалот е Саша Ковачевиќ, познатиот српски изведувач.

    Во склоп на фестивалот, Ковачевиќ ќе одржи и вечерен концерт каде ќе ги изведе своите веќе познати и нови хитови. Концертот ќе се одржи на 16ти јули во сабота, но пред самиот концерт специјално за љубителите на неговите песни, Саша Ковачевиќ ќе има неофицијално дружење со своите фанови. Во кафе барот КИМ во Пехчево во период од 17.00 до 17.30 часот, покрај фотографирањето со Саша Ковачевиќ и делење автограми, фановите ќе имаат можност да се дружат и да поразговараат со популарниот пејач.

    Sasa Kovacevic Karticka-page-001

    Манифестацијата Фестивал на дувачки оркестри Пехчево 2016 како и концертот на Саша Ковачевиќ е овозможено од Општина Пехчево, Хотел Гогов и Кит-Го маркети.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...