Градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Сузана Секуловска заедно со претставници од локалната самоуправа и директорите на општинските јавни установи и претпријатија ќе ги посетат месните заедници Негрево и Чифлик.
Целта на средбата ќе биде жителите од овие селски населби, да ги истакнат проблемите за подобрување на животниот стандард, развој на економијата, создавање на поволна бизнис клима, решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство, се со цел да се вметнат во програмата на локалната самоуправа за реализација во 2014 – 2015 година.
Посетите ќе се извршат на ден 10.10.2014г.(петок) по претходно утврдена агенда.
09:00ч – Посета на село Негрево
20:00ч – Посета на село Чифлик
Ваквите средби даваат особен придонес во непосредната комуникација на граѓаните со локалната самоуправа, а на тој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на правите проекти.