6.1 C
Pehčevo

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА – Превентивна систематска дезинсекција за уништување на комарците

    Датум:

    Општина Пехчево ја информира јавноста дека на 23.06.2016 година (четврток) во периодот од 21:00 – 01:00 часот ќе се спроведе терестичко (од земја) третирање против комарци на територијата на општина Пехчево (Пехчево и околните населени места).

    Границата на третирање започнува од северо-запад од атарот на с.Чифлик и течението на река Писа во правец на Пехчево, притоа опфаќајќи ги сите зелени површини во градот, сообраќајници, места за одмор, протечни, стоечки води и сл. Од градскиот стадион и градските гробишта третирањето ќе продолжи во правец на север, северо-исток кон м.в. ,,Елата,, и с.Негрево. Во правец на југ и југо-запад третирањето ќе се спроведе во правец на индустриската зона за мало стопанство, кон месноста ,,Бодовица,, и градската депонија.

    Се известуваат пчеларите од Пехчево и околните места во периодот на третирањето да ги обезбедат своите пчелни кошници заради избегнување на можноста од негативни влијанија, односно безбедноста на пчелните семејства.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 34-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА за Урбанистички проект вон опфат

    Бр.11-1510/4 Од  27.02.2025                                                                       Врз основа на член 62 став...

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....