Општина Пехчево ја информира јавноста дека на 21.05.2015 година (четврток) во раните утрински часови ќе се спроведе терестичко (од земја) третирање против возрасни единки на комарци на територијата на општина Пехчево (Пехчево и околните населени места), односно спроведување на превентивна систематска дезинсекција како општа противепидемиска мерка.
Активноста е во согласност на Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на Република Македонија, односно Одлуката за усвојување на Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територија на општина Пехчево за 2015 година.
Третирањето ќе биде спроведено од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје.
Се известуваат пчеларите од Пехчево и околните места во периодот на третирањето да ги обезбедат своите пчелни кошници заради избегнување на можноста од негативни влијанија, односно безбедноста на пчелните семејства.
Со информацијата за терестичкото третирање известени се медиумите, здруженијата на пчелари, Здравствен дом Пехчево и други засегнати субјекти.
Во случај на развој на неповолни временски услови (ветар, дожд и сл.), терестичката дезинсекција се одложува за што ќе следува и соодветно Соопштение до јавноста.