-2.3 C
Pehčevo

    Соопштение за јавноста: Основни мерки за спречување на ширење на болеста ЧВОРЕСТА КОЖА кај говедата во општина Пехчево

    Датум:

    Се информираат СТОЧАРИТЕ од територијата на општина Пехчево дека во контекст на појавата на болеста ЧВОРЕСТА КОЖА кај говедата во општина Пехчево, а со цел да се спречи ширењето на истата неопходно е ИТНО да се превземат биосигурносни мерки.

    Агенцијата за храна и ветеринарство подготви Упатство за примена на биосигурносни мерки на одгледувалиште, заштита на животните од убоди од инсекти и безбедно користење на ѓубриво од животинско потекло, со цел да се спречи ширењето на болеста Чвореста кожа кај говедата кое е наменето за ветеринарните друштва, болници и сточарите и ги содржи насоките за преземање на мерки за спречување на влез и ширење на болести и штетници кои може да предизвикаат големи економски штети во сточарството, намалена продуктивност на животните и дополнителни трошоци за нивно сузбивање и искоренување.

    Основни мерки за спречување на ширење на болеста:

    • Да се спречи влез и размножување на глодари и инсекти преку спроведување на ефикасна програма за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, односно
    • Да се користат средства против инсекти (РЕПЕЛЕНТИ),
    • Да се постават мрежи на отворите на објектите за животни (прозорци и врати),
    • Животните да се држат затворени во штала која има заштита од влез на инсекти и кој редовно се третира со инсектицид во периодот кога инсектите се најактивни односно од 19:00 навечер до 08:00 наутро.

    За средствата неопходни за спроведување на биосигурносните мерки граѓаните може да се информираат и да ги набават кај соодветните ветеринарни субјекти.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...