4.6 C
Pehčevo

    Соопштение – Посета на месните заедници Црник и Панчарево

    Датум:

    Градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски и Пратеничката во Собранието на Република Македонија, Сузана Секуловска, Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски, заедно со претставници од локалната самоуправа и директорите на општинските јавни установи и претпријатија ќе ги посетат месните заедници Црник, Панчарево, Умлена, Робово, Чифлик и Негрево.

    Тимот предводен од градоначалникот Поповски и пратеничката Секуловска ќе остварат средба и со граѓаните на Пехчево.

    Граѓаните ќе имаат можност непосредно да се запознаат со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во овие населби, но и да ги слушнат проблемите и потребите од граѓаните, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните, развој на економијата и создавање поволна бизнис клима, решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство.

    Ваквите средби даваат особен придонес во непосредната комуникација на граѓаните со локалната самоуправа и Владата на Република Македонија, а на тој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на правите проекти.

    Посетата ќе се извршат на ден 02.03.2015 г. по претходно утврдена АГЕНДА:

    02.03.2015 година (Понеделник)

    20:00ч. – Посета на село Црник;

    21:00ч. – Посета на село Панчарево;

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...