-0.7 C
Pehčevo

    СООПШТЕНИЕ – ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Нацртот на Изменување и дополнување на Урбанистички План за туристички локалитет “Равна Река”, Општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 24, став 11 од Законот за просторно и урбанстичко планирање (сл. весник на РМ бр. /05,137/07,91/09,124/10,18/11,53/11,144/12,55/13,70/2013,163/13,42/14 и 199/14) Градоначалникот на општина Пехчево го дава следното:

    С О О П Ш Т Е Н И Е

    Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на општина Пехчево донесе решение за спроведување на ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Нацртот на Изменување и дополнување на Урбанистички План вон населено место за туристички локалитет “Равна Река”, Општина Пехчево, за планскиот период 2015 – 2025 година.

    Граници на опфатот се следните:

    На север границата започнува покрај постојниот рибарник со објект за мрестење на рибите (сопственост на физичко лице), продолжува покрај реката Брегалница (во овој дел се вика Равна рекаи ја тангира истата наспроти течението), продолжува покрај м.в. Загазо и се движи покрај парцелата со КП 3638, КП 3630, КП 3629 (тоа е постојниот мотел “Идила” со веќе легално изграден рибарник и други пратечки објекти), продолжува покрај КП 3539, КП 3533, КП 3530 И КП 3531, продолжува пкрај постојниот пат, поминува покрај КП 1805/1, КП И КП 1805/2, продолжува кон исток поктај КП 3497 и КП 3493 се до локацијата на постојни бараки.

    На исток границата продолжува покрај реката, го опфаќа просторот наречен “Банцик” на кој постои еден објект кој моментално не е во функција, но порано функционирал како пилана за груба обработка на дрво.

    На југ границата продолжува покрај м.в. “Бајрев чукар”, се движи покрај течението на реката Брегалница, минува покрај КП 3518, КП 3517 и КП 3513, се движи кон југ покрај КП 3543, КП 3502, КП 3627, КП 3639/1, КП 3632/2 и КП 3642, до влезот на локацијата на мотелот “Идила”, продолжува покрај течението на реката Брегалница се до локацијата на другиот рибарник, од каде опфатот и започнува до западниот дел на опфатот на планот.

    На југо – западната страна од локалитетот, на патот од Пехчево и Берово, граничи со рибарник во сопственост на поранешен “Југо тутун” – Пехчево.

    Нацрт – Изменување и дополнување на Урбанистичкиот План вон населено место за туристичкиот локалитет “Равна Река”, Општина Пехчево, за плански период 2015 – 2025 ќе биде изложен во Салата за состаноци на општина Пехчево, на огласната табла во просториите на општина Пехчево и веб страната на Општината, www.pehcevo.gov.mk , од 14.05.2015 година до 27.05.2015 година, секој работен ден од 8 до 15,30 часот. Во наведениот период и време заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.

    – Јавната презентација ќе се одржи во салата за состаноци во зградата на општина Пехчево на ден 20.05. 2015 година (среда) со почеток во 13 часот.

    Стручната служба при општина Пехчево ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 15 часот.

    Целото соопштение можете да ги симнете овде:pdf_logo1

    ,, Нацрт план “ Изменување и дополнување УПВНМ Равна река – Пехчево pdf_logo1

     

    Општина Пехчево

    Градоначалник,

    Игор Поповски с.р

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...